2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција привлекува се повеќе и повеќе енергетски гиганти

Грција привлекува се повеќе и повеќе енергетски гиганти

Претстојните аукции за распределба на површини за студии за нафта и природен гас во Грција привлекуваат се повеќе енергетски гиганти. По компании како „Total“, „Exxon Mobil“, „Repsol“ и „Edison“, уште една италијанска компанија – „Eni“, се подготвува да влезе на овој пазар.

Според информациите на грчкиот весник „Катимерини“, „Eni“ планира да учествува во аукции за распределба на површини крај островот Крит. Италијанската компанија го отвори во 2015-та година наоѓалиштето на гас „Зохр“ крај бреговите на Египет, кое е најголемото до овој момент во Средоземното Море.

Конзорциум меѓу локалната „Hellenic Petroleum“, „Total“ и „Edison“ веќе изјавија интерес кон блокови околу брегот на Крит. „Energean Oil & Gas“ пак планира работа крај островите Крф и Лефкада. Влезот на „Eni“ ќе значи појава на сериозна конкуренција за блоковите во близина на Крит. Овие области се сметаат и за едни кои најмногу ветуваат во позадината на наодите крај Кипар, Израел и Египет во последните години.

Појавата на толку енергетски гиганти пак дава широки можности за преговори за грчката влада, забележува уште „Катимерини“.

Весникот потсетува дека сликата денес е сосема поинаква од она што се случува во овој сектор во 2014-та година. Тогаш само „Total“ и „Edison“ беа заинтересирани за аукциите за блоковите. Промената дојде главно по откривањето на „Зохр“. Овој локалитет, всушност, предизвика силен интерес на енергетските гиганти во целиот медитерански регион.

Се очекува дека Атина официјално ќе ги објави аукциите за дистрибуција на блоковите во близина на Крит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП