5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРичард Талер – добитник на Нобеловата награда за економија

Ричард Талер – добитник на Нобеловата награда за економија

Кралската шведска академија за науки соопшти дека Нобеловата награда за економија му ја доделува на американскиот научник Ричард Х. Талер, кој моментно живее во Чикаго.

Тој е одликуван поради неговите придонеси во расветлувањето на однесувањето на полето на економијата. Станува збор првенствено за психолошки фактори кои играат влијание врз донесувањето на економските одлуки.

Во образложението се наведува дека Талер во своите трудови објаснил одредени човечки карактеристики, како што се националната и општествена припадност кои може да влијаат на одлуките на поединците и на тековите на пазарот.

Нобеловата награда за економија лани ја добија Оливер Харт и Бенгт Холмстром за својот придонес во сфаќањето на конструкциите на договорите. Економистите од САД доминираат во Нобеловата награда за економија од нејзиното прво доделување во 1969 година.

Со денешнaта наградата за економија заврши сезоната на Нобелови награди кои се доделуваат во областа на медицината, физиката, економијата, книжевноста и мирот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП