7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: 0,5 проценти од светската популација поседува 35 проценти од богатсвото

Лагард: 0,5 проценти од светската популација поседува 35 проценти од богатсвото

lagard1

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изрази загриженост од зголемувањето на нееднаквата распредлба на богатсвото во светот, истакнувајќи дека 0,5 отсто од светската популација поседува дури 35 проценти од богатството.

– Тенденцијата на зголемување на разликата меѓу богатите и сиромашните не мина незабележано. Арапската пролет и движењето „Окупирајте го Волстрит“, иако различни, беа делумно мотивирани од ваквата тенденција, изјави Лагард на конференција во Вашингтон посветена на борбата против сиромаштијата.

Во 2011 година, кога е формирано движењето „Окупирајте го Волстрит“, еден процент од популацијата во САД поседувале 18 отсто од вкупните бруто приходи, додека пред 25 години овие приходи биле во рацете на осум проценти од Американците.

– Зголемувањето на нееднаквата распределба на приходите е се почеста тематика на политичките структури низ целиот свет, истакна директорката на ММФ.

Според Лагард, во развиените земји, влијанието на буџетските политики на нееднаквоста бележи намалување од 2000 година.

Намалувањето на бројот на случаите на даночно затајување и зајакнатата борба против неплаќачите на данок би им овозможиле на државите собирање средства од данок и обезбедување постојан извор на приходи, нагласи Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП