16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на германската економија најголем во последните шест години

Растот на германската економија најголем во последните шест години

Германското индустриско производство порасна во август повеќе од очекувањата. Станува збор за најголем процент на раст во последните шест години, покажаа податоците објавени утринава, пренесува Ројтерс.

Најголемата европска економија стабилно расте и во третиот квартал оваа година. Индустриското производство во август забележа раст од 2,6 проценти. Ова е најдобриот резултат од јули 2011 година, а тој ги надмина проценките и на најголемите оптимисти.

Ова е многу добар резултат – вели Ралф Солвен, главниот економист на Commerzbank. Тој очекува дека до крјаот на годината тој раст ќе биде понизок, но јасно е дека германската економијата е постабилна од било кога.

Производството на автомобили, како што се наведува во податоците на германското министерство за економија, е предводник на економскиот раст и најмногу придонесува за вкупниот позитивен резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП