24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе разгледува можноста за авионска линија Охрид-Истанбул

Се разгледува можноста за авионска линија Охрид-Истанбул

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари средба со претставници од авио компанијата ОнурЕр на која се разговараше за можностите и условите за воспоставување на нова линија на релација Охрид –Истанбул.

Министерот Сугарески ги презентираше условите што ги нуди  Македонија на авиокомпании кои се заинтересирани да оперираат од двата аеродроми. Тој потенцираше дека развојот на авиосообраќајот е приоритет на владата на  Македонија и во таа насока политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на дестинации во Европа и светот.

“Имав плодна средба со претставниците на авиокомпанијата ОнурЕр. Тие ги образложија плановите за ширење на нивната мрежа и во Македонија преку воспоставување на нови линии. Ние како влада имаме обврска да се залагаме за развој на авиосообраќајот и во таа насока ќе дадеме поддршка на секоја авиокомпанија што сака да оперира во Македонија”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

На средбата се отвори и прашањето за заголемување на капацитетите на искористеност на аеродромот Св Апостол Павле во Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП