17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел: Нова рунда преговори за Брегзит

Брисел: Нова рунда преговори за Брегзит

Петтата рунда преговори за излегување на Велика Британија од Европската Унија почнува денеска во Брисел.

Британската премиерка Тереза Меј рече дека се надева преговорите набргу да преминат во друга фаза која се однесува на идните трговски односи.

Преговарачките тимови ќе се сретнат во седиштето на Европската комисија во Брисел, а се очекува преговорите да траат до 19 или 20 октомври.

Првата етапа од преговорите се однесува на постигнување договор за три прашања – судбината на европските државјани во Велика Британија по брегзитот и судбината на Британците во ЕУ, потоа границата со Ирска и финансиите, односно износот на финансиските обврски на Лондон кон ЕУ.

Велика Британија би требало да излезе од ЕУ во 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП