19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради дефект, дел од Центар остана без парно

Поради дефект, дел од Центар остана без парно

Поради дефект во дистрибутивната мрежа, прекината е испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во Центар, соопшти „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).

„Поради дефект на секундарен вод од дистрибутивната топлинска мрежа во близина на Собранието, привремено е прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите од централното градско подрачје“, се вели во соопштението од компанијата.

Без топлинска енергија се потрошувачите на улиците Даме Груев бр. 2, 4, 6 и 8, Македонија ББ (Спомен-куќата на Мајка Тереза и Домот на АРМ), број 6, 10 и 16, потоа улицата Луј Пастер ББ (порта „Македонија“) и Димитрие Чуповски 1.

„Екипите на БЕГ се на терен и според процената се очекува во најбрз рок дефектот да биде саниран по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија“, велат од компанијата.

За дополнителни информации потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачите на тел. (02) 3076 200.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП