28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Русија заработи десетици милијарди од нафтата

Како Русија заработи десетици милијарди од нафтата

Договорот на државите од ОПЕК и државите производители на нафта за намалувањето на производството на „црното злато“ веќе им донесе на Русија и Саудиска Арабија 40 милијарди долари.

Тоа го изјави генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитријев.

Дмитријев наведе дека договорот донел по 40 милијарди долари „и за рускиот и за саудискиот буџет“.

Тој соопшти дека бизнис круговите од Русија ќе ја посетат оваа арапска држава на 3 ноември.

Според податоците на Иран, државите на ОПЕК, како и земјите кои не се членки на таа организација, во септември го реализирале договорот речиси 100 проценти.

Како што изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, постои можност на договорот да му биде продолжен рокот до крајот на 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП