27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватите ќе го воведат еврото во 2022 година

Хрватите ќе го воведат еврото во 2022 година

Хрватската народна банка ја подготви хрватската стратегија за воведување на еврото. Еврото би требало куната да ја замени во 2022 година.

Хрватската народна банка подготви стратегија која во себе содржи пресметки за бенефициите и можните ризици за влез во еврозоната, а ќе го објави на крајот на овој месец.

Евростратегијата ќе послужи како темелен документ за јавна расправа за воведување на еврото, која официјално ќе ја отвори премиерот Андреј Пленковиќ.

Според пишувањето на Вечерен весник, доколку Хрватска ја убеди Европската комисија и останатите држави од европодрачјето дека ќе го контролира јавниот долг и дека ќе го намали кон границата од 60 проценти во разумен рок, се смета дека еврото би можело да стане хрватска валута најрано во 2022 или 2023 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП