Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,017.33 -0.83%    APTK 750.00 0%    AUMK 1,803.00 2.97%    BESK 9,530.00 -2.41%    BEST 1,886.00 0%    FERS 59,500.00 -2.09%    GRNT 821.15 -1.07%    KJUBI 1,550.00 -0.06%    KMB 5,057.09 -2.74%    MPOL 281.00 -2.77%    MPT 42,987.44 -1.53%    OHB 6,100.00 -0.13%    OKTA 4,336.84 -0.55%    PPIV 44,108.00 -3.06%    RMDEN16 95.00 -0.84%    RMDEN17 95.90 0%    RZUS 138.90 9.6%    STIL 127.00 -5.17%    TPLF 990.17 2.29%    TTK 981.88 -1.82%    UNI 2,354.00 -1.92%    USJE 22,002.14 -1.62%    VITA 8,512.00 0.11%    

КОЛУМНА: Регионална соработка – М-р Раде Чоловиќ

Време: 09:29

Датум: октомври 9, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Македонија главната трговија ја врши по копнен пат, со камионски превоз. Железничкиот транспорт на роба е многу мал. Главно пристаниште за увоз и извоз на роба е солунското пристаниште. Не би сакал да се навраќам на времињата кога, поради ембаргото од нашиот јужен сосед, имавме големи проблеми како држава и стопанство, но на жалост, се уште немаме алтернатива за Солунското пристаниште. Бургас односно Бугарија е далеку, Бар е релативно мало пристаниште, а со Драч имаме лоша поврзаност. Пристаништето во Драч е едно од поголемите пристаништа на Јадранското море, помало е од солунското но фактот што во Албанија на големо се градат патишта го прави се поинтересно во регионални рамки. Во 2013 година истото е дадено на концесија на странска комапнија.

Зошто го споменувам пристаништето во Драч? Затоа што сметам дека треба да стане реална алтернатива за стопанството во Република Македонија. Но од друга страна поврзаноста со република Албанија односно реализацијата на коридорот исток запад се одвива споро и оваа можност не може да се реализира. Генерално, патната инфраструктура во Република Македонија ни е на многу ниско ниво. Пред некој ден ја слушнав анегдотата дека во Македонија растојанието се мери со време: “Колку е Битола одалечена од Скопје? Два часа со кола.” Како дебарчанец одамна сум слушнал за патот на Арбор (rruga e arborit) односно за патот од Тирана до Дебар кој ќе ја доближи Тирана до Дебар на 70 километри, а потоа до Драч има уште 40-тина километри. Од македонска страна треба да се прошири и пробие патот од граничен премин Блато – Дебар до Извор (кичевско) кој е исто така околу 40-тина километри и ете сме на коридорот 8.

Зошто во насловот е регионална соработка, затоа што сметам дека е само тоа начинот кој што ќе доведе до просперитет на целиот Балкан. Европската унија пак од друга страна, во претпристапните фондови има пари за развој на земјите кандидати за членство но само треба добри проекти. Ќе се осмелам да промовирам една идеја, а таа е Република Македонија и Република Албанија заеднички, односно  партнерски, дали во форма на компанија во сопственост на двете држави или ќе се најде некој друг модалитет, да се договорат двете држави заедно (со пари од двете држави и европски пари), да го модернизираат и зголемат капацитетот на пристаништето во Драч или можеби ќе изградат ново пристаниште. Ова пристаниште ќе биде во заедничка сопственост на двете држави на период од 99 години со можност на пролонгирање на тој рок на уште 99 години и истото да биде поврзано со коридорот 8 преку Дебар од македонска страна. Односно проектот” Пристаниште” треба да го следи и проектот (со користење на предпристапни фондови) за изградба на автопатишта но и за железничко поврзување меѓу двете земји. Нема економски развој на една држава која е во регион кој е економски и политички нестабилен. Со реализација на вакви и слични бинационални и повеќенационални проекти директно ќе се влијае и на развојот на државите во целина но и на пограничните региони, а тоа ќе доведе и до рамномерен регионален развој и во секоја од земјите поединечно. Истражувајќи за оваа колумна наидов на податок дека околу 2008 година македонската влада размислувала за основање на трговска бродска флота која ќе плови по море до сите дестинации под македонско знаме. За мене тоа е одлична идеја. Како пристаништа каде би била стационирана флотата се разгледувале Драч и Истанбул. Што би значела таа флота за Македонија и македонското стопанство повеќе некој нареден пат. Зошто и како проектот за бродската флота не се реализирал незнам, но и за една таква флота поефтино е ако имаш и свое пристаниште.

М-р Раде Чоловиќ

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Мисла на неделата – да сте живи и здрави!

    Мисла на неделата – да сте живи и здрави!

    Убав поздрав нели, “да сте живи и здрави”. Народната мудрост низ вековите, а и секој човек лично, вели дека здравјето е бесценето и дека е…

  • Мисла на неделата –гранки се зеленат

    Мисла на неделата –гранки се зеленат

    Најчесто низ Скоје се движам со јавен превоз односно со автобусите на ЈСП и приватните сопственици. И ако мене ме прашувате сметам дека јавниот автобуски…

  • Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Не е ова писание за кумот, туку за името е. Не можам и да сакам да ја завртам главата или да ја ставам во песок…

  • Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Имав можност да учествувам на еден семинар (службено) и таму еден уважен хрватски професор ни раскажа за експериментот со пет мајмуни. Оди отприлика вака. Во…

  • Мисла на неделата –УА свиркачи

    Мисла на неделата –УА свиркачи

    Не, не е овонеделниов напис за политика или никакви закони или слично. Туку е против прекумерната употреба на автомобилските свирки (сирени) во секојдневниот сообраќај и…

  • Мисла на неделата – Морален распад

    Мисла на неделата – Морален распад

    И си беше една ТВ презентерка која затаила данок. Се покаја си плати казна и никому ништо. Си беше и еден доктор кој призна (откако…

  • Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Во (веќе далечната) 2006-та година бев на годишен одмор во Република Албанија. Интересно ми беше што на самата плажа на поедини места имаше бункери.  Да,…

  • Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Во насока на подржување на јавната расправа околу воведување на прогресивен данок на добивка е и овонеделната Мисла на неделата со што сакам да го…

  • Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Сe помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време…

  • Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Повеќе пати сме се нашле во ситуација кога колку и да сакаме некоја работа да испадне како што треба, едноставно не ни успева во намерата.…