7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради санкциите кон Русија, Австрија загуби една милијарда евра

Поради санкциите кон Русија, Австрија загуби една милијарда евра

Санкциите на Европската Унија досега ја чинеа Австрија една милијарда евра, проценува австрискиот економски институт „Вифо“.

Поради санкциите, дојде до пад на извозот на ЕУ во Русија меѓу 2014 и минатата година за 10,7 отсто, што одговара на вредност од околу 30 милијарди евра. Австрискиот извоз во Русија поради санкциите е смален за 9,5 отсто, односно за една милијарда евра.

Според процените, извозот на ЕУ во Русија годишно опаѓал за 15,7 отсто. Во 2013 година извозот изнесувал 120 милијарди евра, а минатата година паднал на 72 милијарди евра.

Најголем губитник во апсолутни бројки е Германија, која поради санкции досега има изгубено 11,1 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП