7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШпанската Caixa Bank ќе го пресели седиштето надвор од Каталонија

Шпанската Caixa Bank ќе го пресели седиштето надвор од Каталонија

Банката „Caixa Bank“, која според имотот е трета во Шпанија, одлучи да го премести своето седиште од Барселона во Валенсија, поради политичката неизвесност во Каталонија.

Банката соопштила дека причината за оваа одлука е желбата да остане во еврозоната и под надзор на Европската централна банка, како и намерата во целост да остане во правната и регулаторната рамка важна за нејзините активности.

Потегот на „Caixa Bank“ следува откако шпанската влада неодамна усвои уредба со која на компаниите со седиште во Каталонија им ја олеснува регистрацијата во други делови од Шпанија.

Банката „Sabadell“, една од најголемите во Каталонија, исто така, најави дека ќе го пресели седиштето од Каталонија.

Каталонските власти објавија дека ќе прогласат независност и покрај противењето на Мадрид. Според официјалните резултати, на референдумот за независност на Каталонија одржан на 1 октомври „за“ отцепување гласале 90 отсто од избирачите, но излезноста била само 43 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП