7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКим Јонг Ун должи на Њујорк 156.000 долари за паркирање

Ким Јонг Ун должи на Њујорк 156.000 долари за паркирање

Северна Кореја, наводно, му должи на градот Њујорк 156.000 долари, бидејќи севернокорејските дипломати во ОН не платија повеќе од 1.300 казни за паркирање.

Сепак, севернокорејскиот дипломат Јонг Џо тврди дека ова не е вистина.

“Штом ќе ја добиеме казната веднаш ја плаќаме, бидејќи ако имаме повеќе од три неплатени казни, градот не ни дава дозвола повеќе”, тврди Џо.

Таквото правило беше воведено во 2002 година, кога градските власти во Њујорк одлучија дека оние со три или повеќе казни не можат да добијат дозвола за користење места резервирани за дипломати.

Сепак, повеќето од казните што Северна Кореја не ги плати датираат пред 2002 година, вели Ен-Би-Си.

Оваа земја не е единствената со долгови. Сирија должи 362.000 долари, Иран 185.000 долари, Русија 105.000 долари, додека Кина има долг од 400.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП