21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработувањето во САД опаѓа за првпат од 2010-та година

Вработувањето во САД опаѓа за првпат од 2010-та година

Бројот на работните места надвор од земјоделството во САД се намалува за прв пат од 2010-та година, соопштува „Bloomberg“. Податоците за вработеноста за септември ја одразуваат интерференцијата во голем број сектори кои ураганите Харви и Ирма ги нанесоа.

Харви главно нанесе штета во Тексас на крајот на август, а Ирма влијаеше претежно во Флорида во почетокот на септември.

Работодавците во САД намалија 33.000 работни места, откако во август имаше раст од 169.000. За периодот јули-август има ревизии кои го снижуваат вработување со 38.000 работни места.

Сепак, невработеноста се намали од 4,4% на 4,2%, што е најниско ниво од февруари 2001-ва година, се повеќе и повеќе луѓе се приклучуваат на редовите на економски активни луѓе.

Просечните часовна плата расте со 0,5% на месечна основа, што е над очекувањата за зголемување од 0,3 отсто. На годишна основа, растот од 2,9%, исто така, ја надминува прогнозата за зголемување од 2,6%.

„Bloomberg“ наведува дека е тешко да се видат многу детали за последиците од ураганот во националните податоци. Повеќе информации најверојатно ќе бидат достапни во државните извештаи на 20-ти октомври.

Забрзувањето во растот на платите е охрабрувачки, но не и неочекуван, бидејќи тоа може да ја одразува ситуацијата во која пониско платените Американци не можеле да одат на работа поради ураганите, посочува „Bloomberg“.

„Постојат многу причини да веруваме дека главната слика на пазарот на трудот останува стабилна“, коментираат Метју Лузети и Брет Рајан, економисти од „Deutsche Bank Securities“, во белешка пред излегувањето на извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП