4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ шпанската банка CaixaBank го премести своето седиште од Каталонија

И шпанската банка CaixaBank го премести своето седиште од Каталонија

Шпанската банка „CaixaBank“ го преселува своето седиште од Каталонија во Валенсија, објави „Ројтерс“.

„CaixaBank“ е трета по големина банка во Шпанија.

Веста беше потврдена од финансиската институција која рече дека ја донеле одлуката „во светло на актуелната политичка и социјална ситуација во Каталонија“.

Неколку компании со седиште во Каталонија веќе одлучија да ја напуштат областа која што се подготвува да прогласи независност.

Меѓу нив е шпанската енергетска компанија „Gas Natural“, која одлучи да ја премести својата правна адреса од Барселона во Мадрид, информира извор цитиран од „Ројтерс“.

Шпанската влада денеска донесе декрет со кој им се олеснува на компаниите да ја сменат правната адреса.

Мерката е поврзана со ситуацијата во Каталонија и ќе им овозможи на компаниите со седиште во регионот да ја пренесат својата правна адреса во друг автономен регион без да мора да свикаат вонреден состанок на акционерите.

Шпанските власти одлучија да го усвојат декретот откако голем број компании изразија желба да ја сменат адресата поради нестабилноста во Каталонија. Вчера, една од најголемите банки во земјата, „Sabadell“, ја пренесе својата правна адреса од Каталонија во градот Аликанте, автономната област Валенсија.

Мерката нема да има директно влијание врз работните места или средства на компаниите, но се смета за удар за каталонските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП