20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотрошувачката во Бугарија го повлече растот на БДП на 4 проценти

Потрошувачката во Бугарија го повлече растот на БДП на 4 проценти

Реалниот раст на бруто домашнот производ (БДП) на Бугарија во првата половина од 2017 година изнесуваше 3,7 проценти.

Се очекува дека за цела година ќе достигне 4 проценти, објави бугарското Министерство за финансии.

За силниот економски раст придонесе зајакнувањето на домашната потрошувачка, пред се растот на приватната потрошувачка од 4,3 проценти, пренесе бугарската новинска агенција БТА.

Според есенските макроекономски прогнози на министерството, домашната побарувачка и во периодот 2018-2020 ќе биде водечки фактор за зголемување на економските активности во земјата и се очекува дека реалниот раст ќе остане на ниво од 3,9 проценти во текот на сите три години.

Се предвидува исто така тенденција на побрз раст на увозот на стока од извозот до крајот на извештајниот период, што ќе доведе до умерено зголемување на трговскиот дефицит до ниво од 3,0 проценти од БДП до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП