2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Русија 3,2 проценти оваа година

Инфлацијата во Русија 3,2 проценти оваа година

Се очекува дека инфлацијата во Русија во четвртиот квартал оваа година ќе изнесува 1,3 проценти, соопшти руското Министерство за економски развој.

Годишната инфлација на крајот на 2017 година би требало да биде 3,2 проценти, се наведува во соопштението на министерството, а пренесува агенцијата Тас.

Државната статистичка агенција Ростат претходно објави дека во Русија е регистрирана дефлација во два месеци последователно и тоа во август од 0,5 проценти и во септември од 0,1 проценти.

Целната инфлација на централната банка за оваа година изнесува четири проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП