28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото незапирливо паѓа

Златото незапирливо паѓа

Цените на златото се на пат да забележат четврта недела пад, што би било најдолг период на нивно слабеење во оваа година, пренесува агенцијата Блумберг.

Причина за тоа е најавата за зголемување на каматните стапки во САД, силниот долар и подобрите од очекуваните нарачки во американскиот индустриски сектор.

Цената на плочка злато вчера се стабилизираше на 1.268,41 долари по унца, откако претходнот ден падна на најниското ниво во два месеци. Цените од почетокот на септември опаднаа за шест проценти.

Стравувањата од појавата на потенцијален воен судир меѓу САД и Северна Кореја ја поддржаа побарувачката за злато, кое се смета за сигурно скривалиште, наведува њујоршката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП