4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора заработи 9,9 милиони евра од фестивалот „Си денс“

Црна Гора заработи 9,9 милиони евра од фестивалот „Си денс“

Овогодишното издание на фестивалот „Си денс“ ѝ донесе на црногорската економија 9,9 милиони евра, покажа истражувањето што го спроведе ТИМ Центарот.

„Низ капијата на фестивалот во текот на трите дена и ноќи поминаа 65 илјади посетители од повеќе од 30 земји во светот, кои во просек пред, во текот и по фестивалот во Црна Гора за сместување, превоз, влезници за фестивалот и трошоци за храна потрошиле по 475 евра“, се наведува во извештајот.

Од вкупниот број гости, 87,4 отсто биле странски туристи, кои во Будва допатувале специјално за фестивалот.

Околу 80 отсто од посетителите првпат биле на „Си денс“, а дури 95 отсто од посетителите од западна Европа првпат ја посетиле Црна Гора.

Просечната старост на публиката на фестивалот е 25 години, додека високообразованите и студентите чинат 79 отсто од посетителите.

Во истражувањето учествувале исклучиво посетители кои купиле билети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП