27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: ¾ од светот бележи економски раст

ММФ: ¾ од светот бележи економски раст

Долгоочекуваното глобално економско заздравување сега е реалност.

¾ од земјите во светот бележат економски раст, ова е најголемото забрзување на глобалниот економски развој од почетокот на деценијата. Ова го истакна директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

Според неа, позитивните настани најверојатно ќе доведат до пораст во економските предвидувања на ММФ, кои ќе бидат објавени следната недела.

Во јули оваа година, ММФ предвидува дека глобалниот економски раст ќе достигне 3,8% во 2018-та година.

Ова е највисока прогноза од 2011-та година, кога беше земена како знак дека светот ги надмина ефектите од финансиската криза во 2007-2009-та година.

Цените на суровините на светските пазари се повратија по намалувањето во 2014-та и 2015-та година, кои го зголемуваат растот во некои земји во развој.

Довербата кон Европа исто така се наоѓа на добри нивоа, откако беше намалена поради големите национални долгови и слабиот банкарски систем.

Според Лагард, брзото темпо на економско заздравување, сепак имаат и негативен ефект, бидејќи го зголемуваат јазот меѓу богатите и сиромашните.

Таа препорачува владите да имаат корист од добриот момент и да преземат реформи за подобрување на животниот стандард, како иницијативи за борба против корупцијата, проширување на квалитетот и обемот на детската грижа, за да бидат привлечени жените како работна сила.

„Реформите се поефикасни и лесни за имплементација, кога економиите се здрави“, додава Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП