28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген гради фабрика во Кина

Фолксваген гради фабрика во Кина

folkss

Групацијата Фолксваген ќе започен со изградба на нова фабрика во Кина се со цел да се задоволат потребите на кинеските купувачи. Се планира новата фабрика што ќе се гради во градот Чангша, во соработка со кинеската компанија Шангај Фолксваген (SVW), да биде завршена до крајот на 2015-та година. Таа ќе произведува 300.000 возила годишно. Фолксваген гради комплетен производен објект со преса, фарбање, производство на каросерии и монтажна лента.

Приоритет во идната фабрика ќе биде намалувањето на потрошувачката на енергија и вода, како и пониската емисија на CO2 и намалувањето на отпадот кои се во согласност со стратегијата Фолксваген – „Think Blue Factory”.

„Ние ќе ги прошириме нашите капацитети во Кина на четири милиони возила годишно до 2018-та година, се со цел да одговориме на побарувањата на нашите кинески купувачи“, изјавил Јохем Хејцман

folkss1

Фабрика во градот Чангша е дел од инвестициската програма од 9.8 милијарди евра, кој ќе се реализира во периодот до 2015-та година. Целта на овие инвестициски проекти кои се финансираат од средствата на двете компании е да се зацврсти водечката позиција на групацијата Фолксваген на кинескиот пазар.

Фокусот е ставен на развојот на нови модели и проширување на производните капацитети.

Оваа фабрика е една од седумте нови фабрики на Фолксваген кои ќе се изградат во Кина во текот на наредните неколку години. Групацијата заедно со своите партнери во моментов произведува 20 автомобилски модели од макрите Фолксваген, Шкода и Ауди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП