Кога некој ќе направи мил гест, работите се придвижуваат во позитивна насока. Ваквиот гест стимулира производството на хормонот допамин во мозокот и ја полни мислата со позитивни нешта, нагласува Дејвид Р. Хамилтон, автор на „Зошто учтивоста е добра за тебе“.
Кога оваа учтивост се префрла од лице на лице, таа создава емотивна врска – а тоа е одличен начин да се подобрат односите во канцеларијата, нели?
Ви претставуваме неколку мали гестови, кои се од огромно значење и позитивно влијаат на работата…
– Вратете му ги парите на колегата, кои му ги позајмивте пред три дена.
– Позборувајте си накратко со некој колега, прашајте го каков му е денот, како се чувствува.
– Доколку некој побара, слободно дадете му од вашите влажни марамчиња, не бидете скржави.
– Дозволете му на некој колега да го користи вашето биро кога има потреба од тоа.
– Напишете му на ливче за потсетување или испратете му мејл со содржина „Браво, одлична работа“ на колегата кој завршил голема работа или успешно го финиширал проектот.
– Послужете ги сите со вашите кекси.
– Дадете му на некој колега комплимент за начинот на облекување, фризурата, стилот….било што, но нека биде искрен.
– Задржете ја влезната врата и вратата од лифтот доколку забележите дека има некој позади вас.
– Паметете ги родендените на колегите и организирајте среќен ден за секого.
– Одговорете што е можно побрзо на мејлот на колегата кој ве замолил за помош.
– Бидете насмеани, со позитивни реакции и оптимистички погледи на кои ќе додадете и доза хумор.
– Доколку забележите дека некој колега има непријатен ден, испратете го на кафе да се релаксира и завршете ја неговата работа со помош на останатите колеги, бидете солидарни.
– Секогаш потикнувајте ги колегите на извршување на работите со цел успешно реализирање на работата и добивање на бонуси.
– Раскажете интересна случка од вашиот дом, насмејте ги сите.
– Бидете оној кој во тешките и напнати моменти ќе им помогне на своите колеги.
– Секогаш на себе имајте насмевка, насмевка ……насмевка!!!