5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако најлесно да го поминете периодот кога немате работа?

Како најлесно да го поминете периодот кога немате работа?

Една од најтешките работи кои човек може да ги доживее во денешно време е да остане без работа, особено во кризни периоди кога парите се најпотребни. За луѓе кои со години работеле, особено е тежок периодот на безработица, кој мораат да го минат сосема непродуктивно.

Без разлика дали сте останале без работа по своја вина или пак од други причини, психолошкиот момент може да ве уништи и да паднете во самосожалување и депресија.

Магазинот, „Forbes“, објави листа од неколку работи кои можете да ги направите, за да си помогнете себеси да го преживеете полесно тој период и побрзо да најдете работа.

Фокусирајте се на иднината

Залудно ќе се обидувате да откриете што тргнало погрешно. Ако се навраќате на минатото со намера да откриете кој е клучниот момент заради кој сте останале без работа, тоа нема да ги поправи работите. Подобро, фокусирајте се на она што треба да го направите, а не она што требало тогаш. Направете план за менаџирање на финансиите кои ви се на располагање и насочете се кон луѓе кои би можеле да ви помогнат во процесот на барање работа.

Немојте да дозволите статусот „невработен“ да стане дефиниција за вас

Не дозволувајте да ви влезе во глава дека сте неспособни, само затоа што сте останале без работа. Луѓето кои губењето на работата ја доживуваат како личен неуспех, имаат помали шанси да најдат повторно работа, од оние кои на невработеноста гледаат како на несреќна околност. И самите работодавци преферираат луѓе кои имаат позитивен став кон работите.

Грижете се за себеси

Разбирливо е дека ќе бидете погодени од фактот што сте останале невработени, меѓутоа ништо не сте направиле ако седнете на каучот и потонете во самосожалување. Немојте да се запоставите себеси во таквите кризни моменти. Истражувањата велат дека вежбањето помага да бидете поимуни на стресот, кој со сигурност ќе го доживеете во такви моменти. Раздвижете се малку и рекреирајте се, за да ви се разбистри главата од лоши мисли.

Опкружете се со позитивни луѓе

Луѓето кои ве опкружуваат се многу важни. Ако ве опкружуваат позитивни луѓе, полесно ќе го пребродите периодот, зашто ќе имате кој да ви го подигне духот. Читајте позитивни книги, мотивирајте се со некој филм. Направете сè што е во ваша можност да се чувствувате подобро.

Проширете го кругот на познаници

Луѓето кои ги знаете се клучни за наоѓање нова работа. Голем дел од работните позиции не се ни објавуваат по огласи, па затоа треба да имате некој кој може да ве информира ако се отвори нова позиција на која би можеле да аплицирате. Колку повеќе луѓе познавате, толку подобро за вас.

Барањето работа, нека ви стане работа

Колку повеќе се заложувате да најдете работа, толку поскоро и ќе ја најдете. Процесот на барање работа знае да биде мачен и да ве демотивира, но немојте да се откажете. И онака во случај на невработеност имате повеќе време во денот, па можете да го насочите кон секој можен метод кој би ви помогнал побрзо да се вработите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП