10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ бара дополнителни информации од Bayer и Monsanto за спојувањето

ЕУ бара дополнителни информации од Bayer и Monsanto за спојувањето

Европската унија (ЕУ) истакнува дека ја стопирала процедурата за проверка на предлогот на германскиот хемиски концерн „Bayer“ за купување на американскиот земјоделски гигант „Monsanto“ и ќе побара дополнителни информации.

Брисел ја започна трансакциската проверка во август. Ако спојувањето се реализира, тоа ќе ја создаде најголемата светска компанија за семе и пестициди, потсетувааат медиумите.

Европската комисија (ЕК) стравува дека таков договор може да ја наруши конкуренцијата во однос на клучните производи за земјоделците.

Првично антимонополните регулатори на ЕК требаше да се изјаснат по договорот до 8-ми јануари 2018-та година, но терминот беше одложен за 22-ри јануари. Со сегашната пауза, веќе не е јасно кога Брисел ќе одлучи за спојувањето.

Прегледот ќе продолжи кога двете компании ќе ги достават потребните информации до ЕК.

„Bayer“ и „Monsanto“ го договорија спојувањето во септември 2016-та година, по неколкумесечните преговори, во рамките на кои германскиот концерн на неколку пати ја зголеми понудата.

Ако зделката се финализира, новата компанија ќе има 140.000 вработени низ целиот свет, а нејзините комбинирани приходи само од земјоделството ќе изнесуваат 23 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП