6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Изјавите на Шојбле се опасни

ЕУ: Изјавите на Шојбле се опасни

eu1

Европската комисија ги оценила како „неразумни и неприфатливи“ критиките на германскиот министер за фининсии Волфганг Шојбле за работата на Комисијата.

„Тоа нас многу не изненади“, рече претставник на Комисијата кој сакаше да остане анонимен. „Тоа е наразумно и неприфатливо… може да биде и опасно“, ако се интепретира дека Германија сака да се одалечи од заедничкиот пат на Европа.

Шојбле вчера на еден форум во Берлин рече дека Европската комисија треба да биде побрза и поефикасна, на пример во борбата против невработеноста на младите.

„Европските институции се секогаш најбавни во реакциите, како работите да не им одат онака како што посакале“, рече германскиот претставник.

За помошта на Грција, Шојбле рече дека „Германија е критикувана како да води политика исклучиво за штедење…“.

Неименуван претставник на Комисијата рече дека изјавата на Шојбле можеби е „погрешен чекор“ или „критика со добри намери“.

Портпаролот на германската канцеларка Штефан Зајберт денес рече дека германската влада има „потполна поддршка од Европската комисија“ во борбата против економската криза.

„Постои голема согласност помеѓу Жозе Мануел Баросо и Ангела Меркел. На иста страна сме и се поддржуваме меѓусебно“, рече неименуваниот претставник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП