27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата поезија „На вечниот сопатник“ на поетот Екрем Јашаров

Промоција на книгата поезија „На вечниот сопатник“ на поетот Екрем Јашаров

Ромскиот културен и медија центар „Бариканипе“ од Скопје организира промоција на книгата поезија „На вечниот сопатник“ на поетот Екрем Јашаров. Промоцијата ќе се одржи утре со почеток во 18 часот во просториите на Здружението за образовна поддршка на децата „Дендо вас“ во Ѓорче Петров.

Оваа книга поезија, која е второ самостојно поетско дело на авторот Јашаров, е издадена на три јазици: ромски, македонски и англиски јазик со цел приближување на поетските творби до што поширок круг на публика. Јашаров песните од збирката поезија ги посвети на скоро починатата сопруга Џемиле, неговиот долгогодишен партнер и најдобар пријател.

Во неговите песни провејува духот на ромската традиција, навираат длабоки емоции тешки колку највисоките светски планини со кои авторот ја доловува тежината на неколкувековната „Одисеја“ на Ромите како патници и жители на светот.

„На вечниот сопатник“ е втора публикација издадена од ромскиот културен и медија центар „Бариканипе“ од Скопје. Претходно, во јуни беше промовирана публикацијата „Анализа на влијанието на националните политики врз инклузијата на Ромите“.

Ромскиот културен и медиумски центар „Бариканипе“ е здружение на млади студенти чија интенција е унапредување на положбата на Ромите во повеќе области, со посебен акцент на анализирање и креирање политики со цел нивно подобрување, зголемување на манифестации и книжевни дела за збогатување на ромската и националната библиотека, како и подобрување на ромското медиумско милје преку продуцирање и обучување на адекватен кадар. За таа цел здружението во свои редови како стручни консултанти имаат реномирани и високообразовани Роми од споменатите области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП