2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономски раст на Кипар од 2015 година

Економски раст на Кипар од 2015 година

kipar2

Кипарската економија би требало да се врати на патот на растот во 2015 година, после три години длабока рецесија, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Но, како што соопштија, таа земја ќе мора да се обиде посветено да ја спроведе сеопфатната програма за штедење.

ММФ се согласи во март да му пружи на Кипар помош вредна милијарда евра, покрај деветте милијарди, колку што и одобри ЕУ на Никозија, со цел да се спаси кипарската економија, пренесува агенцијата Франс прес.

Фондот го пофали Кипар поради чекорите кои ги презема за реструктурa во економијата, но и предупреди дека е потребно уште многу работа за да се постигне долгорочна стабилност.

ММФ предвидува дека кипарскиот бруто домашен производ оваа година ќе се намали за 8,7 проценти, а следната година за 3,9 проценти, за во 2015 година да напредува за скромни 1,1 процент, додека невработеноста оваа година би требало да порасне на 15,5 проценти, а следната да достигне рекордни 16,9 проценти, а потоа во 2015 година да се намали на 14,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП