11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на патот Струмица-Валандово е нормализиран

Сообраќајот на патот Струмица-Валандово е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Струмица-Валандово, кај Валандовско брдо, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран, информира АМСМ.

Утрово камион со струмички регистарски таблички утрово се преврте на Валандовско Брдо, при што e повреден возачот.

Според информациите од СВР Струмица, „сообраќајката“ се случила во 6.45 часот на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувал камион мерцедес со струмички регистарски таблици.

Од засега непознати причини камионот се превртел на патот, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница во Струмица. Сопатникот не побарал лекарска помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП