19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПринцу, ММФ вели залудно е

Принцу, ММФ вели залудно е

Меѓунарoдниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека овогодишниот економски раст на Саудиска Арабија ќе стагнира.

ММФ смета дека и невработеноста ќе расте и покрај напорите на власта во Ријад да ги стабилизира приходите по падот на цените на нафтата.

Според податоците на ММФ, растот на економијата кој не е поврзан со нафтата ќе падне на под два проценти, додека вкупниот економски раст ќе биде околу нула. Саудиска Арабија неодамна објави дека стапката на невработеност пораснала на 12,8 проценти.

Саудијците се борат да пронајдат работни места, а следната година ќе се соочат и со државните планови за зголемување на данокот на додадена вредност.

Саудиска Арабија, во рамки на препораките на ММФ, веќе го зголеми данокот за тутун, негазирани и енергетски пијалоци и укина некои од субвенциите за енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП