17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонска новинарка починала од прекумерна работа

Јапонска новинарка починала од прекумерна работа

30-годишната јапонска новинарка Мива Садо починала како последица од прекувремената работа, велат инспекторите.

Садо работела за Националната телевизија “НХК” во Токио, а во месецот пред нејзината смрт имала само два слободни дена и 159 прекувремени часови.

Во јули 2013 година, нејзиното срце откажало, но нејзиниот работодавец го криел случајот досега, наводно поради почит кон нејзиното семејство.

Веста за смртта на еден новинар стави нов притисок врз властите за да го решат проблемот со големиот број на жртви предизвикани од прекувремена работа.

Официјалните податоци на Владата на Јапонија покажуваат дека од март 2014 до март 2015 повеќе од 2.000 луѓе извршиле самоубиство поради стрес на работа, а заклучокот е дека секој петти вработен има ризик од смрт поради прекувремена работа.

Затоа Владата усвои предлог за ограничување на бројот на прекувремени работни часови до 100 месечно, а работодавачите кои им дозволуваат на работниците поголем број на прекувремени работни часови, драстично да се казнет.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП