12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазни за „Есте Лодер“ и „Лореал“ за договарање на цените

Казни за „Есте Лодер“ и „Лореал“ за договарање на цените

Грчката комисија за конкурентност им изрекла глоба од вкупно 19 милиони евра на шест козметички фирми, меѓу кои се американската „Есте Лодер“ и француските „Лореал“ и „Кристијан Диор“ поради договарање на цените.

Комисијата соопшти дека открила антиконкурентски договори меѓу трговците на големо на луксузните козметички производи со цел да се фиксираат малопродажните цени.

На филијалата на компанијата „Есте Лодер“ во Грција ѝ е изречена глоба од 5,4 милиони евра, а разграноците на „Лореал“ и на „Кристијан Диор“ се казнети со 2,6 милиона, односно 1,8 милион евра.

Глоби се изречени на уште три грчки козметички компании.

„Лореал“ во соопштението испратено преку агенцијата „Франс прес“ реагира на одлуката и ги негира обвинувањата за илегална конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП