3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките од Лондон поради Брегзит се селат во Франкфурт

Банките од Лондон поради Брегзит се селат во Франкфурт

Некои од најголемите банки во светот одлучија да го прошират канцеларискиот простор и да го зголемат бројот на вработени во Франкфурт така засилувајќи го финансискиот центар на Германија. Ова се случува по неколкумесечните преговори меѓу Велика Британија и ЕУ за излегување на Британија од Унијата, со што банкарската иднина на Лондон станува сè понесигурна, пишува „Ројтерс“.

„Голдман и Сакс“ закупила канцелариски простор од 10 илјади квадратни метри во новата зграда „Мариентурм“ во Франкфурт, што е една од најголемите проширувања во Франкфурт по референдумот за брегзит. Таа ги закупила последните осум ката од 37-катницата, која сè уште се гради, со што обезбедила простор за 1.000 вработени. Тоа е петпати повеќе од сегашниот персонал од 200 вработени. Се смета дека овој гигант од „Волстрит“ таму ќе ги интензивира активностите поврзани со трговијата, инвестициското банкарство и управувањето со средствата.

Еден портпарол вели дека ова му дава простор на планот за вонредни ситуации во случај на брегзит.

„Морган Стенли“ исто така потпиша договор за закуп на канцеларии во кулата „Омнитурм“, која исто така е во изградба. Таа има 200 вработени во Франкфурт и очекува да го удвои тој број, изјави соговорник запознаен со плановите. Банката засега е без коментар. „Џеј Пи Морган“ исто така размислува за изнајмување два дополнителни ката од петте колку што сега ги има во високата кула во центарот на градот, вели човек запознаен со плановите. Банката, која во моментот има 450 вработени во Франкфурт, не коментира. „Сити“, пак, најави дека ќе го зголеми бројот на вработени во Франкфурт за 150. Таа планира да се прошири во зградата „Веле“ каде што се сега сместени во близина на франкфуртската опера.

Ширењето е резултат на зголемената нервоза за иднината на финансискиот центар во Лондон во услови на бавни и тешки преговори меѓу британскиот министер за брегзит, Дејвид Дејвис, и неговиот соперник од Европската комисија, Мишел Барние.

Кога Велика Британија ќе излезе од ЕУ, кое е планирано за март 2019 година, на банките во Лондон можеби ќе им биде потешко да прават бизнис во Унијата поради што повеќето од нив бараат засолништа како Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП