5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКарибите рај и за сајберкриминалците

Карибите рај и за сајберкриминалците

krizarjenje-costa-karibi

Карибите повеќе не се само туристичка и даночна оаза, туку веќе станаа и рај за сајберкриминалците и хакерите и тоа благодарејќи пред се на ниското ниво на безбедност.

Карипските острови и Латиска Америка се познати по своите плажи и „тропски краеви“, а не по сајберкриминалот. Меѓутоа последното истражување кое го спроведе компанијата за интернет безбедност „TrendMicro“ покажува дека работите значително се промениле.

Ниското ниво на сигурност, но и игнорирањето на тоа што компаниите работат во тој дел од светот ги претвори Карибите не само во „даночен рај“, туку и во „рај за сајберкриминалот“.

Во изминативе две години нападите на „online“ банките и упадите во инфраструктурите се зголемија од осум на 40 проценти.

„TrendMicro“ со својот извештај покажа како хакерите најчесто со „malware“ ги вршат нападите на компјутерите и системите и со тоа покажаа дека многу малку се води сметка за редовното ажурирање на програмите за заштита.

Покрај хакерите од Источна Европа кои се активни по целиот свет, па така и на Карибите се појавија и локални хакери кои се специјализирани за одредени видови на напади во зависност од најслабите точки во поедини земји.

Од „TrendMicrо“ предупредуваат дека веројатно најголемиот проблем е во тоа што властите не реагираат на овој вид криминал, па поради тоа и толку е зголемен бројот на сајберкриминалци.

„Политичките лидер се свесни за опасностите кои хакерите и сајберкриминалците можат да ги направат, но нивниот одговор на тоа е ограничен поради недостатокот на пари кои би биле наменети за изградба на сигурносни капацитети и неодстатоткот на експерти кои би ја примениле технологијата за заштита“, пишуваат истражувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП