6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрејната сезона ќе почне порано, од сабота топли радијатори

Грејната сезона ќе почне порано, од сабота топли радијатори

Годинашната грејна сезона ќе започне порано поради ниските температури што се најавуваат за викендот. Па, така, се очекува уште в сабота да бидат затоплени радијаторите во главниот град.

Иако вообичаено грејната сезона почнува од 15 октомври, поради ниските температури што се најавуваат за викендот, таа ќе започне од сабота. Регулаторната комисија за енергетика веќе го има известено „Балкан енерџи груп“, компанијата што скопјани ги снабдува со топлинска енергија.

Прописите дозволуваат порано да се пушти греење, но не пред 1 октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е помала или еднаква на 12 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП