17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит во САД се намали на 42,4 милијарди американски долари во...

Трговскиот дефицит во САД се намали на 42,4 милијарди американски долари во август

Зголемувањето на извозот и намалувањето на увозот го намали трговскиот дефицит на САД до 42,4 милијарди долари во август, што е најниска вредност на показателот од пред 11 месеци, пренесоа американските медиуми.

Во јули дефицитот изнесувал 43,6 милијарди долари, според податоците на Министерството за трговија.

Извозот се зголеми на 195,3 милијарди долари во август од 194,5 милијарди долари во претходниот месец. Ова е максимум од декември 2014-та година, постигнат благодарение на зголемениот извоз на автомобили, телекомуникациска опрема и лекови. Увозот падна на 237,7 милијарди долари од 238,1 милијарда долари во јули.

Намалувањето на трговскиот дефицит, кој значи дека САД купуваат повеќе стоки услуги од странство, отколку што извезуваат, го стимулира економскиот раст на земјата, забележуваат агенциите.

Претседателот Доналд Трамп вети дека ќе го намали дефицитот во надворешната трговија, тврдејќи дека тој е поткрепен со неповолни комерцијални трансакции и порочни практики во Кина и други трговски партнери на САД.

Следната недела во Вашингтон започнува четвртиот круг од преговорите за реформи на северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA) со Канада и Мексико.

Но, трговскиот дефицит со Мексико и Кина, кои се политички чувствителни, се зголеми. Дефицитот кај трговијата со стоки со Мексико скокна за 26 проценти до 6,2 милијарди долари во август, а кај трговијата со стоки со Кина се зголеми за 4 отсто до 34,9 милијарди долари.

Генерално неодамна американските извозници имаат корист од подобрувањето на светската економија и послабиот долар, кој ги прави американските стоки поповолни во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП