6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДва дена ќе се собира кабаст отпад во Аеродром

Два дена ќе се собира кабаст отпад во Аеродром

Од Општина Аеродром соопштуваат дека во соработка со Град Скопје, поточно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, утре и задутре ќе се реализира акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата утре ќе се одвива во Ново Лисиче, реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад во временски интервал од 7 до 9:30 часот ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или, пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства. Притоа, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Задутре, пак, акцијата ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански, во истиот временски интервал, од 7 до 9:30 часот.

Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП