4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХиманитарен настан- Прочитај пријател, запознај книга

Химанитарен настан- Прочитај пријател, запознај книга

Во соработка со професори од Економски, Правен, Филолошки и Филозофски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, македонскиот старт ап резервирај.мк и Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“ организираат хуманитарна акција “Прочитај пријател, запознај книга„.

“Имаме голем број на книги кои сакаме да ги споделиме со Вас. По тој повод, организираме настан во Центар за дизајн и иновации  „Јавна соба“ на 8 Октомври 2017  (недела) во 17 часот. Се што треба да направите е да дојдете на настанот (може да резервирате маса тука), да ја одберете книгата која Ви се допаѓа и да донесете насмевка, книга, училишен прибор или спортска облека. Работите кои ќе ги донесете ќе бидат донирани во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ – Скопје”, велат организаторите.

“За добра забава ќе се погрижат добро познатите скопски бендови Chill Play на кои исто така сакаме да им се заблагодариме за нивната несебична донација, Bona Dea и Blackout. Најважното да не го заборавиме, љубовта кон книгата ќе ни донесе нови пријателства”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП