26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHilton отвора 100 нови хотели во Африка

Hilton отвора 100 нови хотели во Африка

Американскиот синџир на хотели „Hilton Worldwide“ планира да инвестира во Африка.

Компанијата ќе потроши 50 милиони долари во следните 5 години за да создаде 100 нови хотели на континентот.

Потегот на „Hilton“ доаѓа во време кога Африка станува популарна дестинација – и за бизнис и за туризам, според „Ројтерс“.

До крајот на оваа година, нов хотел од познатиот бренд ќе се појави во главниот град на Кенија – Најроби.

Следниот објект ќе биде отворен во 2018-та година во Кагали, главниот град на Руанда.

Тропска Африка (јужно од пустината Сахара) објави 11 отсто на туристичкиот раст во минатата година, според податоците на Светската туристичка организација на ОН.

До денес, Хилтон има 39 хотели во Африка.

„Моделот за претворање на постојните хотели во такви брендирани како „Hilton“, се докажа успешно на различни пазари и очекуваме да станеме сведоци на прекрасните можности за претворање на хотели во брендот „Hilton“ во рамките на оваа иницијатива“, коментира Патрик Фитзгибејн, потпретседател на „Hilton“ за развој за Европа, Блискиот Исток и Африка.

Претходно оваа недела, „Hyatt Hotels & Resorts“ објави дека ќе отвори 6 нови хотели во Африка до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП