12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд S&P се скептични, дека Велика Британија треба наскоро да ја зголеми...

Од S&P се скептични, дека Велика Британија треба наскоро да ја зголеми каматната стапка

Рејтинг агенцијата „Standard & Poor’s“, изјави дека е „малку скептична“ дека британската економија има потреба од зголемување на каматните стапки во скоро време, соопшти „Ројтерс“.

Коментарите од страна на Англиската централна банка (ВоЕ) се дека наскоро може да има повисоки каматни стапки со цел да ја зајакнат фунтата и да ја совладаат инфлацијата, сметаат од „S&P“.

„Општо земено, сметаме дека изјавите на Марк Карни во последно време имаат за цел главно да го зголемат курсот на фунтата и да ги намалат инфлациските притисоци од увозот“, пишува во извештајот на агенцијата.

„Оваа стратегија може да вклучува всушност зголемување од 25 базични поени во ноември и враќање на референтната каматна стапка на ниво од 0,5% – што беше и пред референдумот за „Brexit“. Дополнителните потези во 2018-та година сепак не изгледаат оправдани ако се има во предвид доцнењето на економијата“, се вели уште во текстот.

Од „S&P“ посочуваат уште дека го набљудуваат забавувањето во инвестициите од страна на британските компании како резултат на несигурноста околу излегувањето на земјата од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП