13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпанијата ЕДС на Кочо Анѓушев побара раскинување на договорот со МЕПСО

Компанијата ЕДС на Кочо Анѓушев побара раскинување на договорот со МЕПСО

ЕДС побара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Република Македонија потпишан во декември 2016 година.

Во барањето доставено од компанијата до МЕПСО стои дека причина за ова барање е избегнување секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на сопственикот на компанијата, Кочо Анѓушев, за вицепремиер задолжен за економски прашања.

„Поради перцепцијата во јавноста дека функцијата заменик-претседател на Владата на Република Македонија и позицијата доминантен сопственик во компанијата која испорачува, односно продава електрична енергија на Акционерско друштво во државна сопственост како што е МЕПСО претставува судир на интерес, бараме договорот да биде спогодбено раскинат и ЕДС да биде ослободен за испорака на електрична енергија за месец ноември 2017 година”, стои во барањето на компанијата доставено до МЕПСО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП