17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPepsiCo објави пад на продажбата во Северна Америка за прв пат по...

PepsiCo објави пад на продажбата во Северна Америка за прв пат по две години

Акциите на компанијата за пијалаци „PepsiCo“ поевтинија во средата, по слабата побарувачка на брендот „Gatorade“ и некои погрешни марктинг чекори, што доведе до пад на продажбата во Северна Америка за прв пат по две години, соопштува Ројтерс. Во исто време, компанијата ја намали прогнозата за годишен раст на органската добивка.

Слабата побарувачка на „Gatorade“, која претставува една петтина од вкупната продажба во регионот, се должи на релативно ладното лето. Сепак, продажбата на други пијалаци е погодена од намалениот сообраќај во продавниците за малопродажба, рече главниот извршен директор Индра Нуји во конференцискиот повик.

„Ова лето упативме премногу од медиумските трошоци и просторот во продавниците кон нискокалоричните пијалаци за сметка на брендовите на „Pepsi“ и „Mountain Dew“, рече Нуји.

Приходите од делот за пијалоци во Северна Америка на „PepsiCo“ – најголемите за компанијата, се намалени за 3,4% до 5,33 милијарди долари во третиот квартал до 9-ти септември по 6 проценти пад во обемот на продажбата.

Падот беше прв откако „PepsiCo“ почна да прикажува пад на продажбата на своите пијалаци во Северна Америка од третиот квартал од 2015-та година.

Акциите на компанијата паднаа за 2 отсто на 106,95 долари во претсезонските тргувања.

Сепак „PepsiCo“ сепак забележа подобра од очекувањата добивка за третиот квартал, поддржана од пониските трошоци и раст од 3,2% на приходите од бизниот со грицки и чипсови, како „Cheetos“ и „Doritos“.

Нето добивката на компанијата се зголеми за 7,6% на 2,14 милијарди долари или 1,49 долари по акција.

Без еднократните ефекти компанијата заработила 1,48 долари по акција, што е над прогнозата за 1,43 долари на аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“.

Нето-приходите се зголемија за 1,3% на 16,24 милијарди долари, што е под проценката на аналитичарите од 16,31 милијарди долари.

Компанијата ја намали прогнозата за годишен пораст на органските приходи на 2,3% од 3,0%.

„Веруваме дека пазарот предвидуваше ревизија, но размерот и е поголем од очекуваното“, велат аналитичарите на „Morgan Stanley“ во свој коментар.

„PepsiCo“ ја зголеми годишната прогноза за добивка за 10 центи на 5,23 долари по акција, поради слабеењето на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП