24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈужното овошје го штити мозокот

Јужното овошје го штити мозокот

Жените кои редовно јадат портокали, грејпфрут и лимон имаат за 20 проценти помал ризик да доживеат мозочен удар, покажуваат истражувањата на британските научници. Ефектот е ист и доколку пијат свежи цедени сокови од овие цитрусни овошја.

Клучот е во флавоноидите, природните антиоксиданси и антивоспалителни чинители кои го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол. На тој начин им помагаат на артериите – објаснува др Один Касиди, водич на истражувачкиот тим. Истражувањето има за цел да ја објасни врската која владее меѓу флавоноидите од одредено јужно овошје и женскиот мозок.

Иако и другите намирници се богати со флавоноиди, особено црвеното вино, нивното благотворно дејство не се манифестира во толкава мера. Всушност зголемениот внес на овие соединенија од сите намирници, освен јужното овошје, не довело во толкава мера за намалување на ризикот од шлог, затоа ова истражување е многу важно.

Британските лекари ги советуваат жените превентивно да консумираат што повеќе пороткали и грејпфрут, а лимонот онолку колку што им одговара на желудникот, особено ако имаат предиспозиции за мозочен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП