3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД би можел да биде погоден од нов ураган

САД би можел да биде погоден од нов ураган

САД би можел да биде погоден од нов ураган овој викенд предупреди Американскиот Национален центар за урагани.

Доколку се случи тоа, како што се наведува, загрозени ќе бидат Алабама и Талахаси, главниот град на Флорида.

Пред неколку недели откако смртоносни урагани погодија и уништија делови на САД, метеоролозите предупредуваат дека во текот на викендот американското крајбрежје би можело да биде погодено од нов ураган.

Новата тропска бура се наоѓа на околу 72 километри од карипскиот остров Сан Андреас.

Неодамна ураганот Харви го погоди Тексас, предизвикувајќи поплави кои биле на ниво на ураганот Сенди од 2012 година. Веднаш потоа следеше една од најсилните бури во Атлантскиот Океан, ураганот Ирма кој уништи неколку карипски острови пред да ја зафати Флорида. Подоцна ураганот Марија го погоди американскиот дел на островот Порторико, чии власти резултатите од ударот ги оценија „слични на геноцид“. Речиси половина од Порторико повеќе од една недела беше без електрична енергија, а голем број луѓе останаа без храна и вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП