12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата во САД се загрева до ниво незабележано за последната деценија

Индустријата во САД се загрева до ниво незабележано за последната деценија

Американската индустрија се придвижи во месец септември со најбрзото темпо во последните 13 години, со силен раст на нарачките и здраво производство.

Фабричкиот индекс скокна на 60,8 поени, на највисокото ниво од мај 2004 година, од минатомесечните 58,8 поени, покажаа податоците од Институтот за управување со набавките, пренесува агенцијата Блумберг.

Показателот над 50 поени означува експанзија.

Индексот на нови нарачки порасна на 64,6 поени, најсилно од февруари оваа година, од претходните 60,3 поени.

Индикаторот за вработување забележа зголемување од 59,9 на 60,3 поени, што е најдобриот резултат во повеќе од шест години.

Седумнаесет од 18 индустрии пријавиле раст во септември, додека единствено производителите на мебел пријавиле пад, се вели во соопштението на Институтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП