9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТемпирана бомба: Банките мора да покријат 100 %

Темпирана бомба: Банките мора да покријат 100 %

Европската централна банка наредната година ќе побара од банките во еврозоната да издвојат дополнителни средства за покривање на „лошите“ кредити, соопштија од ЕЦБ.

Оваа институција, исто така, ќе претстави дополнителни мерки за решавање на проблемот со огромното ниво на ризични кредити, пренесува Ројтерс.

Започнувајќи од 1 јанури 2018 година, банките ќе имаат најмногу две години да издвојуваат средства за покривање на 100 проценти од новопласираните неосигурани кредити кои се класифицирани како проблематични и седум години за покривање на целокупниот осигуран „лош“ долг, се наведува во предлогот на ЕЦБ.

Банките во еврозоната имаат речиси 1.000 милијарди евра „лош“ долг, што е делумно наследство од европската должничка криза, при што банките во Италија, Грција Шпанија и на Кипар најмногу се оптеретени со такви кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП