19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија останува водечки пазар за деловeн простор во Европа

Германија останува водечки пазар за деловeн простор во Европа

Германија останува водечки на пазарот на деловен простор во Европа, кој привлекол најголем удел од инвестициите во секторот, покажуваат податоците на консултантската компанија „Knight Frank“.

Велика Британија останува на второ место со 24 отсто од вкупниот обем на инвестиции, според податоците.

Во првата половина на годината вкупниот обем на вложувањата во деловен простор во Европа се проценува на 117 милијарди евра, што е за 10% помалку на годишно ниво. За споредба, глобалните инвестиции во комерцијалните недвижности достигнаа 8%, покажуваат податоците на „Real Capital Analytics“.

Речиси 53% од инвестициите во комерцијални недвижности во Европа се за меѓународни инвеститори. Најголемо учество имаат американските инвеститори, кои главно се насочени кон Германија во текот на изминатите неколку месеци.

Значителен капитал кон секторот на недвижностите во Европа се насочуваат и од азиските инвеститори, особено од Кина, Сингапур, Јужна Кореја, Јапонија, кои имаат корист најмногу од несигурноста на Стариот континент и динамиката на девизните курсеви на валутите.

Иако главниот дел од инвестициите продолжува да се насочува кон главните пазари во Западна Европа, Централна и Источна Европа се појави да се наметне како најбрзо растечкиот пазар на деловен простор во регионот поради брзиот економски раст.

Водечкиот пазар на недвижности во Централна и Источна Европа е Полска, каде во првото полугодие се инвестирани 1,5 милијарди евра во бизнис имот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП