12 мај, 2025
ПочетнаКУЛТУРАЗапочна снимањето на документарниот филм „Џезмен“ во Њујорк

Започна снимањето на документарниот филм „Џезмен“ во Њујорк

На 30 септември во Њујорк започна снимањето на долгометражниот документарен филм „Џезмен“, сценарио и режија на Алјоша Симјановски, во продукција на „Зојдер“.

Филмот е приказна за љубовта, посветеноста и страста кон уметноста на џезот на Велибор Педевски, Mакедонец кој триесетина години живее во Големото јаболко.

„Го живеам својот сон“, вели Велибор, новинар, џез-артист, предавач на њујоршката школа за современ џез и автор на петнаесетина албуми и проекти. Во филмот ќе земат учество истакнати и познати американски џез-музичари – Брендон Рос, Дејв Хаселман, Лео Смит, режисерот Спајк Ли и други. Дел од филмот ќе се снима и на локации во Македонија.

„Одиме во Њујорк, местото каде што се сетираат трендовите, да видиме што остана од уметноста на џезот во ерата на технолошкиот бум и апсолутната медијализација“, вели режисерот Алјоша Симјановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП