8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовирана поштенската марка посветена на ретките болести

Промовирана поштенската марка посветена на ретките болести

Здружението за ретки болести и „Македонска пошта“ вчера ја промовираа поштенската марка посветена на ретките болести.

„Целта е да се влијае на јавната свест за постоењето на овие ретки болести бидејќи болеста не познава возраст, таа, едноставно, се појавува“, рече во воведното излагање генералниот директор, Фадис Реџепи.

Тој додаде дека затоа потребата од помош треба да биде постојана и континуирана.

„На тој начин стануваме одговорни пред себе си, но и пред општеството. Менаџментот на компанијата почувствува дека печатењето на оваа марка трба да се реализира, но исто така повеќе од свесни сме дека тоа е само мал придонес за потребите на Здружението. Искрено се надевам дека нашиот пример ќе го следат и други компании со цел да влијаеме на јавната свест од постоење на овие ретки болести“, нагласи Реџепи.

За значењето на поштенската марка и проблемите со кои се соочуваат болните со ретки болести зборуваше претседателот на Здружението за ретки болести, Весна Алексовска, која истакна дека ова е единствената поштенска марка во светот посветена на реките болести.

Автор на поштенската марка со номинална вредност од 48 денари е дизајнерот од Бирото за филателија, Лоран Куфало, а издадена е во тираж од 6.000 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП