18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК е подготвена со реформата на ДДВ-то

ЕК е подготвена со реформата на ДДВ-то

Данокот на додадена вредност (ДДВ) ќе се наплаќа и при прекугранична трговија во Европската унија (ЕУ), а компаниите ќе можат да поднесуваат пријави „едношалтерски“ преку онлајн портал на сопствениот јазик, предлага Европската комисија (ЕК). Потоа, ДДВ-то ќе се плаќа директно, како што е моментално случајот со онлајн продажбата и услугите.

Ова е најголемата реформа на европските правила за ДДВ по една четвртина век, се вели во соопштението на Комисијата.

ЕК проценува дека над 150 милијарди евра од ДДВ-то се губат секоја година, што значи дека земјите членки на ЕУ ги пропуштаат приходите кои би можеле да се користат за други инвестиции. Од нив, околу 50 милијарди евра се резултат на измама на ДДВ-то во прекуграничната трговија.

Овие пари може да се користат за финансирање на криминални организации, вклучувајќи го и тероризмот. Се верува дека оваа сума ќе биде намалена за 80 отсто благодарение на предложената реформа, истакнува ЕК.

„Дваесет и пет години по создавањето на единствениот пазар, компаниите и потрошувачите се уште се соочуваат со 28 различни режими на ДДВ во прекуграничните операции. Криминалците и евентуално терористите одамна ги користат овие празнини, кога организираат измама“, коментира еврокомесарот за економски и монетарни прашања, оданочување и царина Пјер Московичи.

„Овој анахрониски систем базиран на националните граници мора да заврши. Земјите членки треба да размислат за прекуграничните трансакции со ДДВ-то како внатрешни операции на нашиот внатрешен пазар до 2022-ра година. Ова ќе го олесни животот на компаниите од ЕУ кои вршат прекугранична трговија, ќе ја намали бирократијата и ќе се поедностават процедурите поврзани со ДДВ-то“, додава тој.

Промените исто така вклучуваат поедноставување на правилата за фактурирање, дозволувајќи им на продавачите да земаат фактури според сопствената земја, дури и во прекуграничната трговија. Компаниите веќе нема да изготвуваат листа на прекугранични трансакции за нивните даночни власти (таканаречена „рекапитулативна изјава“).

Денешниот предлог го воведува исто така поимот „сертифициран даночен обврзник“ – категорија на доверлив бизнис, кој ќе се искористи многу поедноставено и заштедува време.

Достапни се и четири амандмани кои ќе влезат во сила од 2019-та година. Овие мерки се експлицитно побарани од земјите членки за подобрување на секојдневното функционирање на сегашниот систем на ДДВ, додека конечниот режим не биде целосно договорен и исполнет.

Законодавниот предлог ќе биде испратен до земјите на ЕУ за согласност и Европскиот парламент (ЕП) за консултации. Значи, следната година ЕК исто така ќе го подготви законодавниот предлог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП