2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКаде најчесто грешат работодавците

Каде најчесто грешат работодавците

Имајте на ум дека одредени постапки кои ги правите може да ги демотивираат вашите работници, да го уништат нивниот морал и да ги наведат на размислување да ве напуштат.

За да го избегнете нездравото работно опкружување, ви прикажуваме 5 најчести грешки на еден работодавец:

1. Создавање на конкуренција

Можеби создавањето интерна конкуренција ви се чини како добра идеjа, но бидете сигурни некој во таква ситуација ќе стане непријателски настроен кон вас. Затоа потрудете се на тимот да му зададете работа во која никој не губи.

2. Игнорирање на желбите и потребите на работниците

Секогаш мора да знаете што сакаат вашите вработени. Доколку не сте во можност да им ги исполните желбите во целост, тогаш давајте им работа во која уживаат најмногу.

3. Игнорирање на добрите работници

Ако не можете да го унапредите добриот работник, тогаш обидете се на било каков начин да го стимулирате. Ако не го чувате, тој ќе си замине.

4. Наградување на фалбаџии

Постојат работници кои добро си ја вршат работата, но не знаат да се промовираат. Тоа не е причина да не се цени нивниот труд.

5. Вработените не се запознаени со случувањата

Поголемиот дел од вработените сакаат со својата работа да придонесат за доброто на компанијата. Работата на лидерот е да им го покаже патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП